По турбулентните животни ситуации и пороци со кои се бореше, Бен Афлек беше многу задоволен од љубовта со Ана де Армас, а публиката се надеваше дека тој конечно ја најде вистинската, по разводот со актерката Џенифер Гарнер.
За жал, имаше раскин пред неколку месеци, а Бен повторно падна во лошо расположение и криза.
Често им бегаше на папараците, но сега успеаја да го сликаат како шета со детето.
Актерот и Ана раскинаа по телефон, а многумина веруваат дека клучна причина за раскинувањето е разликата во возраста. Публиката се надева дека Афлек наскоро ќе ја најде избраничката со која ќе биде вистински среќен.