Кога некој ќе направи грешка, дали му давате втора шанса? Тоа зависи од многу фактори кои би одредиле дали другата личност ќе добие прошка или не. Некои од нив се колку сме блиски и колку не повредуваат. Излезе дека втората шанса има врска и со астрологијата. Зошто? Бидејќи постојат хороскопски знаци кои никогаш не би ја дале. За да може некој да ја искупи својата вина, треба да сме спремни да ја заборавиме и да ја простиме грешката. Ако не простиме, тогаш зошто даваме втора шанса? Каква смисла има ако седиме и чекаме повторно да не изневерат. Оваа можност да одиме напред, да оставиме сè во минатото честопати се случува во врските. Ако е неверен, но сака да биде со вас, дали ќе го прифатите, дали ќе се однесувате како ништо да не се случило? Дали сакате нешто од него? Штом вашата сопруга, вашиот пријател, ја изгуби вашата доверба, може да биде навистина тешко да се прости и да се врати во нормала. Некои луѓе едноставно не можат. Како би го отвориле срцето повторно? Ви ги претставуваме 6-те хороскопски знаци кои не би простиле.
1. Бик
Биковите не влегуваат во врски брзо, но можат брзо да ги прекинат. Тие не даваат втора шанса затоа што имаат премногу самодоверба. Откако Бикот донесе одлука, многу е тешко да го натерате да ја промени. Ако некој направил грешка и смета дека е непростлива, ова е крајот.
2. Скорпија
Ако се надевате дека ќе добиете втора шанса од Скорпијата, тоа е малку веројатно. Вие не треба да го изневерите овој хороскопски знак. Не само што ќе се разочараат, туку и ќе ви возвратат. Извинувањето нема да поправи ништо. Претставниците на овој хороскопски знак не би се вратиле на некого само за повторно да бидат повредени.
3. Рак
Ракот е исто така меѓу хороскопските знаци кои не даваат втора шанса. Можно е да го сториле тоа претходно и повторно да биле повредени. Губењето на нивната доверба и скршеното срце се доволни за овој хороскопски знак да заврши наеднаш со сѐ. Ракот нема да престане да размислува како сè би се случило повторно ако се вратите во неговиот живот.
4. Јарец
Јарците не се лесни и не веруваат дека нивна работа е да решат нечии проблеми. Ако сте во врска со Јарец, тој се надева дека ќе изгради здрава врска, а не да ви помогне да ги составите парчињата од вашиот скршен живот, а потоа повторно да не успеете. Јарците знаат дека големи се шансите некој да ги искористи уште еднаш и тие тоа нема да го сакаат.
5. Лав
Лавовите се многу оптимисти и љубезни, но не даваат многу втори шанси. Тие мислат дека откако на некој ќе им го покажат своето вистинско јас, мора да биде апсолутно верен и лојален кон нив . Никој од нив не сака да трпи болка во животот. Лавот не ги прифаќа лесно грешките што чинат доверба.
6. Девица
Девиците имаат јасна идеја за тоа што сакаат од својот партнер или пријател. Кога партнерот или пријателот ќе им згреши, нема надеж. Девицата доволно се критикува самата себе за да биде одговорна и за туѓото однесување.