Јогуртот е преполн со антиоксиданси, витамини, калциум и протеин. Има негувачко дејство и е особено полезен за масна коса.
Потребни намирници:
1/2 чаша јогурт (или помалку, во зависност од големината на вашата коса)
1 лажица јаболков оцет
1 лажица мед
Начин на подготовка:
Измешајте го јогуртот, јаболков оцет и медот во еден сад. Нанесете ја мешавината на скалпот, нежно пренесувајќи ја кон краевите на косата. Оставете да дејствува 15 минути, потоа измијте со млака вода и шампон.