ДАЛИ ЕРОТСКАТА МАСАЖА Е ПОДОБРА ОД СЕКСОТ?

Целта на обичната масажа е опуштање на мускулите, делување на некој одреден нерв и остранување на болката и напнатоста. Движењата се комбинирани. Се почнува со лесни и долги движења кои ги загреваат мускулите, а потoа следи малку погрубо триење…
Еротската масажа е нешто сосема друго и за неа не може да се рече дека е обична. Всушност, толку е посебна што некои ја сметаат и за подобра од сексот.
Таа значително се разликува од обичната масажа. За разлика од обичната, еротската масажа не опушта туку напротив создава сексуална напнатост и возбудување. Еротската масажа делува на посебно осетливите зони на телото, односно на ерогените зони.
За разлика од обичната, ваквата масажа има мошне возбудлива завршница – оргазам. После тоа секако ќе бидете релаксирани и опуштени.

Искуствата сепак се различни. Веројатно никогаш масажата нема да ви биде подобра од сексот доколку само вие го масирате партнерот, а никогаш не сте оној кого го масираат. Од друга страна, ова еротско искуство може да биде и повозбудливо од секс и да ве однесе до врвот без да размислувате за тоа дали нешто во вашиот сексуален однос му годи или не му годи на партнерот. Доволно е само да им се препуштите на рацете на вашиот масер.
Со оглед на исходот кој е ист како во сексот, а самиот третман значително „посебичен“ и фокусиран само на една личност, јасно е зошто ова е навистина одлично искуство кое мора да го пробате.