СРЦЕТО И БЕШЕ ПОЛНО СО ЖИВОТ, ТАКА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ЧУКА

Беше многу весела девојка, секогаш насмеана и му се радуваше на животот, вели Мартин Белчовски од селото Русиново, беровско, пред ММС за својата сестра Верица, која на само 20 години го загуби животот, но нејзиното срце по синоќешната трансплантацијата почна да чука во друг млад живот.

-Верче не успеја да ја добие борбата за живот, низ солзи вели Мартин за ММС.
Токму таа борба за живот, сиромаштијата и невработеноста пред неполна година семејството Белчовски ги разделило во два града. Синот Мартин, кој е вработен, останал со сопругата во Берово, додека таткото Кирил, мајката Душата со двете ќерки Ана и Верица се преселиле под кирија во Струмица. Кирил уште не успеал да најде работа и по девет месеци преселба, но трите дами во семејството некако се снашле.

„Јас изгубивме најмалата во семејството. На „Благовец“ во Струмица на пешачки премин ја удри момче од 18 години и побегна од местото. Колку што јас знам кога дознале дека колата со која ја удриле сестра ми била пронајдена, тој подоцна сам се пријавил во полиција. Во Берово е многу тешко да се најде работа, затоа мајка ми и татко ми со сестрите се преселија во Струмица. Татко ми сеуште е невработен, мајка ми работеше во еден маркет, па требаше да се префрли во друг и откако се случи ова не знам што ќе биде. Постарата сестра Ана (23) работи во спортска обложувалница, а Верче работеше во кафуле. Под кирија се, мораа да заминат, од Берво се преселија бидејќи нема работа, секаде е полно и со ниски плати. Целото семејство ми отиде , само јас останав во Берово, само јас работев“, вели низ солзи Мартин.

(Целиот материјал прочитајте го на mms.mk)