Бадемовото масло поседува лифтинг ефект. Го регулира балансот на вода во кожата, го успорува процесот на стареење на клетките и ја поттикнува нивната регенерација. Помага при лечење на перутава и иритирана кожа, а може да се користи и како крем за сончање. Ја штити кожата од штетните УВ зраци. Доколку не сакате јаки мириси, бадемовото масло е идеален избор за вас, бидејќи има неутрална арома.
БАДЕМОВО МАСЛО ЗА СЈАЈНА КОЖА
