20 РАБОТИ ШТО ЌЕ ГИ НАПРАВИ ЧОВЕК КОЈ ВИСТИНСКИ ВЕ САКА

Некои знаци на вистинска љубов се многу суптилни, но затоа постојат јасни сигнали со кои можете веднаш да видите кои се намерите на вашиот маж. Овие 20 работи ќе ги направи само човек кој искрено ве сака.

  1. Тој внимателно ве слуша кога драматично го објаснувате конфликтот со колега на работа половина час.
  2. Да ви го остави далечинскиот управувач кога гледате телевизија.
  3. Тој не ве тера да ги миете забите пред да му дадете бакнеж за добро утро.
  4. Бесрамно оди во продавница да ви купи влошки и тампони.
  5. Ако тој не е со вас, никогаш не заборава да ви посака добра ноќ.
  6. Тој ви испраќа пораки само за да ви каже дека му недостасувате.
  7. Ве советува пред да донесете важни одлуки.
  8. Кога ќе ве загледа друго момче, тој е горд и љубоморен истовремено.
  9. Прави долгорочни планови со вас.
  10. Иницира гушкање што не мора да води до секс.
  11. Последниот залак од оброкот ви го остава вам.
  12. Нежно ве задева на начин што не е срамен или подол, туку забавен и смешен.
  13. Тој ве запозна со неговите родители и пријатели.
  14. Го игнорира мобилниот телефон кога е во ваше друштво.
  15. Поминувајќи, му покажувате која маица ви се допаѓа во излогот, и тој ве изненадува со неа следниот ден.
  16. Ве прашува да ги потпишете роденденските честитки што и ги дава на неговата мајка.
  17. Кога ќе доживеете одреден успех, тој е горд на вас и се фали на сите со својата девојка.
  18. Тој не се чувствува загрозен ако заработите повеќе од него.
  19. Ве поддржува во постигнување на животни цели.
  20. Не се срами отворено да им кажува на другите колку ве сака.