ЗЕЛЕНИОТ ЧАЈ-ЧУВАР НА ЗДРАВЈЕТО!

ЗОШТО ЗЕЛЕНИОТ ЧАЈ Е ТОЛКУ КОРИСЕН?
Зелениот чај е богат извор на полифеноли. Тоа се моќни антиоксиданси кои ги уништуваат слободните радикали во телото. Истражувачите за полезното дејство на зелениот чај, тврдат дека зелениот чај содржи 8-10 пати повеќе полифеноли, отколку овошјето и зеленчукот.

Освен антиоксиданси, зелениот чај содржи и витамин Ц, некои витамини од групата Б, цинк, магнезиум, калиум, манган и флуорид.

ЗЕЛЕНИОТ ЧАЈ И ЗДРАВЈЕТО
Ја спречува појавата на рак
Многубројни истражувања покажале дека консумацијата на зелен чај помага во заштитата од рак на стомакот, хранопроводот, простатата и панкреасот. Резултатите покажале дека колку што е поголема консумацијата на зелен чај, толку повеќе се намалува ризикот од појава на ова кобно заболување. Јапонско истражување покажало дека жените кои пијат повеќе зелен чај пред и по операција од рак на дојка го намалуваат ризикот од повторна појава на болеста. Консумацијата на барем една чаша зелен чај дневно го намалува ризикот од појава на рак на белите дробови дури за 5 пати.
Заштитува од срцеви заболувања
Редовното консумирање на зелен чај го намалува ризикот од срцев удар и атеросклероза. Исто така, овозможува полесно и побрзо закрепнување на пациентите кои доживеале срцев удар.
Го подобрува имунитетот
Зелениот чај помага во заштитата од настинка и грип.
Помага за намалување на „лошиот“ холестерол
Консумирањето на барем 2 чаши зелен чај дневно го намалува нивото на „лош“ холестерол (LDL) во телото.
Го заштитува џигерот
Зелениот чај има способност да го заштити џигерот од токсини како алкохолот и од хемикалиите што ги има во чадот од цигарите.
Спречува појавување на камен во бубрезите
Околу 5% од светската популација страда од камен во бубрезите, а зелениот чај ни овозможува на природен начин да се бориме против оваа болест.
Го подобрува денталното здравје
Веќе постојат докази дека зелениот чај ја спречува појавата на кариес, но исто така и ги уништува бактериите во устата кои што предизвикуваат лош здив.

Моќното позитивно дејство на зелениот чај е докажано и во борбата против рак на кожа и Паркинсонова болест, а исто така и против воспаленија. Зелениот чај го стимулира метаболизмот, го намалува високиот крвен притисок и шеќерот во крвта и помага за убав изглед на кожата.

ЗЕЛЕНИОТ ЧАЈ И СЛАБЕЕЊЕТО
Слободно може да се каже дека зелениот чај е еден од оние продукти кои не треба да ги прескокнувате. Не само што е чудотворен извор на здравје, туку е и идеален сојузник во борбата со килограмите.

Тој ја забрзува работата на метаболизмот и го стимулира согорувањето на масти во телото. Тоа се случува благодарение на кофеинот и супстанцијата EGCG (Epigallocatechin Gallate), кои влегуваат со составот на зелениот чај.