Ако не знаете како да го започнете денот во добро расположение, одговорот е мошне едноставен: препуштете им се на игрите во постелата. Според едно истражување лицата што водат љубов веднаш штом ќе се разбудат се поздрави и посреќни, а доброто расположение им е загарантирано во текот на целиот ден. Освен тоа, утринскиот секс го подобрува квалитетот на косата, кожата и ноктите.
Сексот во утринските часови го ослободува т.н. „хормон на љубовта“ окситоцин, поради што двојките чувствуваат љубов и поврзаност во текот на целиот ден.
Утринскиот секс може да го зајакне вашиот имунолошки систем за само еден ден затоа што го зголемува нивото на антитела што не штитат од инфекции. Исто така го зголемува нивото на естроген со што се подобрува тонусот и структурата на кожата и косата.
Водењето љубов три пати неделно може за 50 отсто да го намали ризикот од срцев или мозочен удар. Затоа разбудете се порано и водете љубов!