ВИ ПРЕЧАТ ТЕМНИТЕ ПОДОЧНИЦИ: СО ПОМОШ НА ОВИЕ 5 СОВЕТИ ЌЕ ИЗГЛЕДАТЕ СВЕЖО И ОДМОРЕНО

Крем за очи

Крем за очи секогаш држете го во фрижидер, бидејќи ако е ладно, ќе биде поефикасно. Наутро и навечер нанесете крем на пределот под очите и нежно масирајте. Можете исто така да го користите за лекување на други делови на лицето кои се отечени.

Маска за под очите

Маските ја ладат, смируваат и затегнуваат кожата и ја прават темната област полесна.

Кесички чај

Ставете кесичка со зелен или црн чај што веќе сте го користеле во фрижидерот. Кога ќе се оладат, ставете ги на очите и држете ги три до пет минути. Кофеинот во нив ќе делува на очните капаци, што ќе ги намали и ќе ги направи помалку видливи.

Свежа краставица

Свежата краставица е добро познат природен „лек“ за темните кругови. Ставете парчиња краставица на очите и држете ги 10 минути. Тие ќе ги оладат, ќе ги смират.

Ладна лажица

И ова е уште еден стар метод кој работи, а кој го користат и популарните ѕвезди. Чувајте две чисти лажици во фрижидер, и ставете ги на очите наутро само неколку минути. Резултатите се одлични, надуеноста исчезнува, лицето изгледа помладо, поодморено и подготвени сте за нови секојдневни предизвици.