КОНТРОЛИРАЈТЕ ГО НИВОТО НА ШЕЌЕР ВО КРВТА НА ПРИРОДЕН НАЧИН

Алое верата значително помага во контролата на шеќерот во крвта. Покрај тоа, придонесува за зајакнување на отпорноста на телото и имунитетот и делува како природен производ за нега на кожата.

Сокот од алое вера содржи над 200 хранливи материи и е богат со витамини и минерали. Калциум, бакар и натриум, магнезиум, калиум и цинк, витамините Ц, Б и Е како и фолна киселина, сите се наоѓаат во само еден лист од ова растение.Една чаша сок од алое вера содржи 9 грама витамин Ц, а познато е дека тоа е многу важно за општата здравствена состојба на организмот, здравата имунолошка функција и синтезата на колаген.

Еве зошто е добро да се конзумира овој пијалок:
-Решава проблеми со дигестивниот систем како запек
-Го одржува телото хидрирано
-Ја регулира концентрацијата на шеќер во крвта
-Има антиинфламаторно дејство
-Има корисен ефект врз здравјето на кожата
-Го зајакнува имунитетот
-Третира акни и егзема
-Го подобрува здравјето на непцата
-Подобрува раст на белите крвни клетки и здрави клетки кај луѓе заболени со карцином
-Го зајакнува срцето и ја подобрува крвта
-Го подобрува здравјето на уринарниот тракт
-Го намалува воспалението предизвикано од артритис