КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД КОМАРЦИТЕ НА ПРИРОДЕН НАЧИН?

Постојат природни начини да се заштитите од комарци без употреба на хемикалии.

Билки
Коњско нане, босилек, рузмарин, лук, лаванда или невен успешно ќе се борат против комарците. Ако имате двор, можете да ги засадите, а тие исто така можат да го најдат своето место на терасата.

Спреј од лаванда или масло за тело
Комарците ја мразат лавандата. Може да направите спреј за тело со есенцијално масло од лаванда или едноставно да го нанесете на кожата.

Јаболков оцет
Неверојатно е колку може да биде корисен и јаболков оцет. Повеќето луѓе го имаат дома, па ако вашето место одеднаш е нападнато од комарци, направете свој спреј за одбивање на комарци. Нанесете го овој спреј на местата каде што инсектите најчесто се собираат и почекајте ги резултатите.

Лук
Според некои студии, јадењето лук помага да ги задржите комарците настрана. Овој лек е добра вест за љбителите на лук, но ако сè уште не ви се допаѓа, не мора да го јадете во големи количини. Само сварете го и прскајте ја смесата на местата каде што се собираат комарците.