Да се грижи за неа
Жената која држи до себе никогаш, ама баш никогаш нема да очекува или да сака мажот да се грижи за неа. Да, тој треба да се грижи за нивите деца, ако тие ги имаат, но таа е таа што треба да се грижи за своите потреби. Често се случува, по одредено време поминато во врска, жените да почнат да се потпираат на мажот во врска со храна, облека, забава и целиот живот, а тоа не е добро. Ниту за мажот, но на прво место не е добро за самата жена.
Да се откаже од она што го сака
Мудрите жени не бараат од момците со кои се во врска да се менуваат – тие стапуваат во врска со момци, кои веќе им одговараат такви кокви што се. Една жена која навистина се грижи за себе никогаш нема да се согласи да ја игра улогата на мајката и да го учи на она што треба, а што не треба. Тој го сака фудбалот, а ти не? Супер, нека игра/гледа фудбал, ти уживај во она што ти го сакаш! Со малку организација, ќе имате доволно време и за неговите, и за заедничките активности.
Да ги менува пријателите
Ова, исто така, се однесува и на семејството и на фактот дека жените често од мажите бараат да прекинат контакт со луѓе за кои тие сметаат дека не се соодветни за нив. Ако не ви се допаѓа неговиот партнер, не гледајте во него. Не ви се допаѓа неговата мајка? Супер, договорете се дека ќе се гледате едни со други за слава и други семејни собири, не почесто од тоа. Никогаш не го наведувајте тој ги прекине сите контакти со нив, бидејќи тоа апсолутно секогаш на крајот има контраефект (ќе ви го префрлува тоа кога ќе дојде и до најмала кавга).
Да ги дели неговите интересирања
Тоа што го сонуваш за салса вечерите, не значи дека и тој мора да го сака танцувањето! Жената која држи до себе никогаш нема да го наведува мажот да засака некоја активност, која таа ја сака, првенствено затоа што знае дека никогаш нема да ја засака, туку само ќе се фолира – а кому му е потребен фолирант во животот? Наместо тоа, обидете се заедно да најдете некоја активност која е за вас одлична, а на салса секогаш можеш да отидеш со своите пријателки.
Да се менува
Паметна жена знае дека е во врска со човечко битие кое ќе се промени, само ако сака да се промени – а со тоа секое инсистирање на тоа, тој да се менува на начинот на кој најмногу нејзе ѝ одговара е бесмислено. Тоа не значи дека не можеш да го поттикнуваш да биде подобар човек, но имај на ум дека тоа не е исто како и насилната промена.