ХУМАНА ЉУБОВ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ: НАЈЧИСТИТЕ И НАЈУБАВИТЕ МИСЛИ НА ОВОЈ СВЕТ!

Ако ги зборувам човечките и ангелските јазици, а љубов немам – тогаш сум бронза што ѕвони, или кимвал што ѕвечи;


И ако имам дар за пророкување, и да ги знам сите тајни и сите знаења; и ако ја имам сета вера, така што да преместува и планини, а љубов немам – ништо не сум


И ако го раздадам целиот свој имот, за да ги нахранам бедните; и ако го предадам своето тело, да биде изгорено, а љубов немам, ништо не ми ползува.


Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, љубовта не завидува, не се фали, не се вообразува
не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло
не и се радува на неправдата, а и се радува на вистината;
сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи.


Љубовта никогаш не престанува: А другите дарби : ако се пророштва – ќе се отстранат; јазици – ќе замолкнат; ако е знаење – ќе исчезне
Зашто, делумно знаеме и делумно пророкуваме,
но кога ќе дојде совршеното, ќе се отстрани делумното.


Кога бев дете, зборував како дете, мислев како дете, расудував како дете. А кога станав маж, го отстранив детинското.
Зашто, сега гледаме како во огледало – нејасно; но тогаш: лице во лице. Сега знам делумно, но тогаш ќе сознам целосно, како што и јас бев самиот наполно познат.

А сега остануваат овие три: верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголема од нив.

  • Св. Апостол Павле Прво послание на Светиот апостол Павле до Коринтјаните, поглавје 13