МАСКА СО ПИВО ЗА СУВА КОСА

Косата во летниот период е чувствителна на УВ зраците и морската сол и поради тоа може да дојде до сушење и оштетување.Започнете на време со природната нега и безгрижно уживајте во летото.

Пивото е одлично за сува и „безживотна“ коса во лето и истото ќе ѝ даде сјај. Откако ќе си ја измиете косата со шампон, додадете малку сок од лимон во пивото и исплакнете ја косата. Почекајте неколку минути и измијте со обична вода.