НИСКОКАЛОРИЧНА ДИЕТА СО СЕНФ

Диетата со сенф е многу интересна. Развиена е од бугарски нутриционисти и дава добри резултати – ослабувате 2-3 килограми за 3 до 5 дена. Можеме да ја наречеме експресна, пред-празнична или пост-празнична, но нејзиното значење главно е дека го нормализира метаболизмот.

Главно се јадат млечни производи и месо. И секако сето ова е зачинето со сенф.
Не се консумираат слатки, бел леб или алкохол.
За време на диетата, земете што е можно повеќе вода – 2-3 литри дневно.
На пример, за појадок можете да конзумирате некои од следниве производи: урда, колбаси, јогурт, јајца, интегрален леб со сенф, чај, кафе, но без шеќер.
За ручек – супа, салата (моркови, краставици, домати), пилешко, свински котлети и секако сенф.
На крајот на денот лесна вечера.

Менито е сосема слично на мешаната исхрана на д -р Пјер Дукан – протеини и зеленчук. Знаете дека има многу поддржувачи но и многу луѓе кои го негираат овој тип на диета, но на крајот секој одлучува за себе и секој може да се консултира со доктор или нутриционист за да утврди дали му треба диета и каква.


На крајот, гледате дека во оваа диета јадете речиси сѐ, но секогаш гарнирате со сенф.
Исхраната е добра за луѓе кои не се навикнати на строги диети. Но, не се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со стомакот, црниот дроб и бубрезите.