Дали сте чуле за таканаречениот „француски парадокс“? Франција е земја со најмалку луѓе кои страдаат од дебелина, кардиоваскуларни и карциномни болести, иако традиционалното француско мени е богато со храна (масни сирења, тешки сосови, многу путер и јајца), што го зголемува ризикот од нивниот развој .
Експертите се убедени дека дел од причината за овој парадокс е редовната косумација на црвено вино. Ресвератролот, кој е содржан во килибарниот пијалок, е состојка што го штити организмот од многу штети. Bright Side не запознава со некои корисни ефекти на црвеното вино. Се разбира, тие се такви само кога потрошувачката е во умерена количина.
- Виното содржи моносахарид арабиноза, што го зајакнува имунитетот.
- Антиоксидансите во црвеното вино штитат од рак.
- Ресвератролот помага во слабеењето со нормализирање на метаболизмот.
- Полифенолите во виното помагаат во зајакнување на срцевите залистоци и спречуваат срцеви заболувања.
- Виното го подобрува протокот на крв во мозокот, намалувајќи го ризикот од Алцхајмерова болест.
- Ресвератролот спречува воспаление на увото, што може да доведе до губење на слухот.
- Ресвератролот ги зајакнува капиларите на окото, со што се спречува развојот на разни проблеми со видот.


