БИК- ГОДИШЕН ХОРОСКОП ЗА 2021 ГОДИНА

2021 година ќе биде година на промени и нови можности. За тврдоглавиот Бик, ова може да биде тешко, но во околината ќе има луѓе кои ќе му помогнат полесно да излезе од зоната на удобност. Ризикувајте оваа година, тоа ќе ви се исплати.

Љубов
Нема да има големи и значајни промени на полето на љубовта, велат астролозите. Сепак, ова не мора да значи дека е лошо. Ако сте слободни, веројатно ќе остане така во текот на целата 2021 година. Ова значи дека нема да влезете во стабилна љубовна врска, но ќе има минливи авантури.

Оние кои се во врска ќе останат и во текот на следната година. Врската ќе оди во иста насока како и порано. Ако совршено се сложувате со вашиот партнер, така ќе биде и во иднина. Ако сте имале конфузии, подгответе се за бурен период.

Работа
Од почетокот на годината до крајот на јули, Марс ќе биде во Вага. Ова значи дека ќе бидете многу позафатени на работа отколку вообичаено. Сепак, овој астро период значи и дека ќе бидете соодветно наградени за вашата работа. Ќе бидете полни со позитивна енергија и ништо нема да ви падне тешко. Во овој период, веројатно ќе се соочите со важни деловни одлуки кои бараат многу размислување, но исто така резултираат и во напредување во кариерата.

Пари
Би било добро да донирате дел од парите во добротворни цели. Колку повеќе работите, толку повеќе пари ќе имате. Искористете дел од овој дополнителен прилив за да им помогнете на другите во вашата заедница.

Семејство
Ако имате браќа и сестри, 2021 година е одлична година да се поврзете повторно со нив или да поминете повеќе време заедно. Исто така е време да се поврзете со роднините и да ги обновите контактите кои се расипале. Постои голема веројатност за проширување на семејството. Многу Бикови ќе влезат во брачните води или ќе откријат дека ќе добијат нов член во семејството.

Здравје
Марс, кој ќе биде во знакот на Вага од почетокот на месецот до крајот на јули, лошо ќе влијае на вашето ментално здравје. Првиот дел од 2021 година ќе биде стресен, но после тоа ќе има поповолен период. Вториот дел од годината ќе биде исполнет со позитивна енергија. До јули, можеби имате некои ситни здравствени проблеми, но нема што да се грижите премногу.