Со цел детето да прерасне во самоуверена, среќна и способна личност, секој родител треба да му ги каже на своето дете овие седум реченици:
- Те сакам!
Покажувањето љубов е најважно, но детето треба да слушне и дека го сакате. Секој ден, кажете му на вашето дете дека го сакате, и затоа кога ќе порасне, ќе му биде полесно да им каже на другите дека ги сака. Кажете му на вашето дете „Те сакам“ и во среќни и во оние помалку среќни моменти.
- Јас сум горд на тебе.
На детето му треба родителска потврда дека нешто оди добро. И, кога другите ќе му кажат дека направил нешто одлично, детето нема да биде целосно среќно ако не ги слушне тие зборови од неговите родители. Затоа, погледнете го вашето дете во очи и кажете му дека сте горди на него, но и зошто сте горди на него. И не само кога ќе добие добра оценка во училиште или кога ќе направи нешто добро. Бидете горди на вашето дете затоа што работи напорно, дава сè од себе и не се предава.
- Жал ми е.
Детето треба да види дека неговиот родител е само човек од крв и месо, дека не е совршен и дека може да греши. И дека е во ред да згрешиш. Затоа, мора да признаете кога сте биле неправедни кон детето и да му се извините, исто како што барате од детето да се извини на вас или на другите кога ќе направи грешка. Покрај тоа, тоа му дава на вашето дете пример за тоа како да се однесувате кон другите кога ќе порасне и да се извини кога ќе направи грешка.
- Те слушам .
Оваа реченица е особено важна кога детето влегува во пубертет. Научете го вашето дете да верува во вас и да не се плаши да ви каже што го мачи и што мисли. А, тоа најдобро ќе го постигнете ако му кажете на детето „Те слушам“ и оставете го да се искаже.
- Тоа е твоја одговорност.
Не му помагајте на детето во ситуации кога може само да си го реши проблемот. Можеби имате најдобри намери, но на тој начин детето може да стекне чувство на несигурност и да не може да го реши проблемот самостојно. Бидете како тренер: подгответе го детето пред натпреварот, навивајте за него од страна и потоа зборувајте за тоа што направил добро и што може да поправи.
Ова може да се однесува на училишни активности, но и на домашни работи како што е чистење на собата или шетање на кучето. Родителот мора да му всади чувство на одговорност кај детето затоа што на тој начин ќе прерасне во самоуверен и способена личност.
- Ти тоа го можеш!
Важно е детето да чуе дека родителот верува во него и да знае дека е способно да стори нешто. Никој не може да внесе поголема самодоверба кај детето од мама и тато. Вашето дете мора да знае дека може да ги постигне сите свои соништа и цели ако работи напорно и дека никогаш не смееме да се предаваме во тешки моменти.
- Не
Понекогаш најдоброто нешто што можете да направите за вашето дете е да му кажете НЕ. Во тој момент, детето сигурно нема секогаш лесно да го прифати тоа и ќе му замери, но кога ќе порасне, тој ќе го цени фактот што му рековте НЕ кога требаше.