Ловоровиот лист е познат како одличен зачин за многу јадења, но и како лек со антиинфламаторно и антисептично дејство.
Богато е со минерали како калиум, бакар, манган, калциум, железо, цинк, магнезиум, селен, како и витамини од групата Б кои се важни за функционирањето на целиот организам.
Сирупот од ловоров лист се препорачува за зајакнување на имунитетот, расчистување на дишните патишта и олеснување на кашлицата, болки во грлото и бронхитис.
За да го подготвите овој сируп, потребни ви се следниве состојки:
-6 свежи или 8 суви ловорови лисја
-2,5 dcl вода
-6 лажици кафеав шеќер или мед
-Сок од 1 лимон
Припрема:
Ставете ја водата на ринглата, па кога ќе зоврие додадете ги ловоровите лисја и оставете да стои околу 10 минути. Потоа исцедете ја водата во друг сад, додадете кафеав шеќер и сок од лимон. Измешајте сè добро додека шеќерот не се стопи целосно и сирупот е подготвен.
Чувајте го сирупот во стаклена тегла во фрижидер. Рок на траење е неколку дена, така што овој сируп го правите во помали количини.
Пијте до 3 лажички сируп на ден, сè додека не почувствувате олеснување.