Алоето е познато по своите лековити својства. Илјадници години се користи во народната медицина. Растението се состои од 99% вода и 1% „чудо“. Повеќето од нас слушнале дека алоето е многу ефикасно при изгореници од сонце, но ова растение има и многу други корисни својства. Истражувачите веруваат дека тоа било едно од омилените тајни на Клеопатра.
Денес ви претставуваме 9 употреби на алоето, кои го прават непроценлив помагател во разни болести и проблеми.
1. За рани и посекотини

Алоето е многу корисно за расекотини и рани. Го стимулира растот на новите клетки и ја забрзува регенерацијата на ткивата. Еве како можете да го користите:
- Исечете го листот на половина, по должина.
- Притиснете ја внатрешноста на растението до исечокот.
2. Помага при изгореници

Алоето има ефект на ладење, слично на ментолот, го намалува воспалението и ја активира регенерацијата на ткивата и кожата. Еве како да го користите:
- Исечете ги листовите по должина.
- Прочистениот гел изгребете го со нож.
- Нанесете го гелот директно на изгорениците.
3. Каснувања од инсекти

Каснувањата од инсекти чешаат поради плунката на инсектот, која може да содржи разни токсини и алергени кои предизвикуваат чешање, оток или иритација. Алоето има ефект на ладење, ја ублажува болката и чешањето и го намалува воспалението. Еве како да го користите:
- Исечете ги листовите по должина.
- Нанесете го гелот на погодените области.
4. Во случај на премрзнување

Алоето може да се користи во третман на лесни повреди од премрзнување, бидејќи има голема содржина на витамин Е, што го забрзува обновувањето на кожата. Имајте на ум дека оштетувањето од смрзнатини може да биде сериозно, па затоа прво треба да посетите лекар. Еве како да го користите:
- Исечете ги листовите по должина.
- Излупете го жолтиот слој веднаш под кожата.
- Нанесете го проѕирниот гел на погодената област.
5. За пилинг

Алоето може да се користи и за пилинг на кожата за да ја направите беспрекорно мека. Овој пилинг ги отстранува мртвите клетки од кожата и е толку нежен што може да се користи дури и на чувствителна кожа. Можете исто така да купите пилинг од алое од продавницата, но ако имате свежи лисја, можете сами да си направите. Еве еден пример рецепт:
- 2 лажици гел од алое вера
- 2 лажици кафеав шеќер
- 1 лажиче сок од лимон
Измешајте ги состојките и потоа нежно истријте го на вашето лице. На крај исплакнете се со млака вода.
6. Спречува мозолчиња и лекува акни

Алоето има антифунгални и антибактериски својства што го прават многу ефикасен во лекувањето на акните и розацеата. Еве како да го користите:
- Исечете ги листовите по должина.
- Нанесете го гелот на погодената област.
7. Како навлажнувачки крем

Како што рековме, 99% од алоето е вода, па затоа не е изненадувачки што помага при сувата кожа. Еве како да го користите:
- Исечете ги листовите по должина.
- Изгребете 2 лажички гел
- Измешајте го гелот со 2-3 лажици кокосово масло.
8. Наместо гел за туширање

Бидејќи има многу моќни антибактериски и антиинфламаторни својства, алоето може да се користи и како многу корисен гел за туширање. Еве како да го направите сами:
- Исечете ги листовите по должина.
- Изгребете гел со нож – ќе ви треба околу 1/4 чаша.
- Измешајте го со 3/4 чаши течен сапун.
- Додадете 1 лажиче витамин Е
- Додадете неколку капки есенцијално масло – може да биде масло од лаванда, здравец, лимонова трева или камилица. Сите овие масла се многу добри за кожата.
9. Против опаѓање на косата
Алоето помага и при опаѓање на косата. Содржи ензими кои ги поправаат мртвите клетки на кожата на скалпот и го стимулираат растот на новата коса.
- Исечете ги листовите по должина.
- Истружете 2 лажички гел
- Измешајте го со 2-3 лажици масло од кокос.
- Додадете 1-2 лажици мед
Нанесете ја смесата на скалпот и косата и оставете ја да отстои 40 минути. Исплакнете ја и измијте ја косата како и обично.


