Извинување

Почитувани,
Би сакала да се извинам на припадниците на LGBT заедницата и до сите оние кои се нашле навредени од мојот авторски текст „Простете ГЕЈ другари, не е до хормоните до логиката е“ и да изјавам дека во ниту еден момент сум немала намера да извршам вознемирување врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.
Во иднина ќе се воздржувам од пишување на текстови кои во себе содржат дискриминирачки содржини и ќе ја почитувам препораката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Со почит,

Елизабета Најдоска Величкова