Експертите велат дека постои еден специфичен знак кој открива дека компирот повеќе не е добар за јадење, но дека може да биде и опасен по здравјето.
Зелената боја на компирот се појавува кога почнува да произведува хлорофил, што е природен процес. Кога ќе го забележите овој пигмент, тоа значи дека компирот, исто така, започнал да произведува соланин, компонента која штити од оштетување предизвикано од животни, инсекти, габи и бактерии. Тоа е токсин кој се наоѓа во компирот, а не само во зелените точки, а доколку е на повисоко ниво, може да биде опасен за луѓето.
Нивото на соланин е највисоко кај лушпите од компири, така што лупењето дефинитивно ќе отстрани дел од токсините (околу 30 проценти), но нема да го решите проблемот. Експертите не се сигурни колку точно оваа компонента треба да биде во компирот за да се разболите, но една студија покажа дека 0,6 милиграми на килограм тежина може да доведе до болести. Особено е важно таквите компири да се држат подалеку од деца кои имаат многу помала телесна тежина, за да можат посилно да ги почувствуваат последиците од труење со соланин.