Првата состојка која ни треба се пријателите.
Овој филозоф препорачал да не ја јадеме ниту ужината сами: „Пред да изедете или испиете нешто, размислете со кого јадете и пиете, наместо што јадете и пиете. Самото јадење е за животот на лавот или волкот.“
Втората работа за која Епикур верувал дека ни е неопходна за среќа е слободата.
За него и неговите пријатели да се биде слободен значело да се биде финансиски независен и да не се одговара на ужасни шефови. Тој напишал: „Мора да се ослободиме од затворот на секојдневниот живот и политиката.“
Третата состојка за среќа според Епикур е анализиран живот.
Под тоа мислел на живот во кој понекогаш издвојуваме време да размислиме на својот живот и да го анализираме секој проблем кој не’ мачи. Нашите тешкотии исчезнуваат бргу доколку им посветиме малку време.
Мора да се запомни и дека парите никого не унесреќиле, но никого не усреќиле, исто така. Доколку ги имате сите состојки за среќа но ви недостасуваат пари, среќата никогаш нема да Ви биде ускратена. Доколку имате полно пари, но немате пријатели, слобода и анализиран живот, никогаш нема да бидете среќни. Тоа е филозофијата на Епикур.