Хилари Клинтон, железната дама на Америка, е родена на 26 октомври 1947 година. Таа е позната како прва дама додека нејзиниот сопруг Бил Клинтон беше претседател, а потоа и како кандидат за претседателските избори во 2016 година, на кои изагуби. Иако има многу противници, таа имаше и има многу идеи, инспирира илјадници жени и е во состојба да направи промена во едно општество.
Клинтон мина низ многу предизвици низ годините, но успеа да излезе како победник. Во нејзина чест подготвивме некои од најпознатите цитати на оваа голема дама.
„Претпоставувам дека можев да останам дома, да печам колачи и да пијам чај, но решив да се занимавам со оваа професија, која ја започнав многу пред мојот сопруг да стане политичар“.
„Ако сакам да изместам напис од насловната страница, доволно е само да си ја сменам фризурата.“
„Бев подготвена да му го свиткам вратот на Бил! Во еден момент го мразев мојот сопруг но истовремено и го поддржував претседателот. “
„ Стравот е секогаш со нас , но немаме време за тоа. Не сега. “
„Кога ќе паднеш, стани и не слушај ги оние што ти кажуваат дека не можеш и не треба. “
„ Ако мислите позитивно и сте оптимисти, работите ќе се наредат “.
„ Направете што повеќе за луѓето што можете, на начините што ги знаете и што е можно подолго “.
„ На секое мало девојче. кое има големи соништа: Да, можете дури и да бидете претседател! “
„Најлошото нешто што може да се случи во демократијата и во животот на секој од нас е да станеме цинични кон иднината и да ја изгубиме надежта. Ова е крајот, што не треба да го дозволуваме. “
„ Секој момент кога ќе погледнеме наназад не спречува да се движиме напред. Во овој свет и утре, мора заедно да се движиме обединети напред. ”
„Ние дефинитивно имавме „мрачни денови “. Во тоа време, не бев сигурна дали нашиот брак воопшто ќе преживее “.