ЗНАЕТЕ ЛИ: СЕДЕЊЕТО НА ПОД Е ЗДРАВО, А ЕВЕ И ЗОШТО

Зошто седењето на под е подобро отколку да седите на кревет или стол?

Причината е едноставна. Кога седите на под, го принудувате телото да работи понапорно.

На тој начин ја подобрувате флексибилноста на мускулите, а бидејќи седењето на под не е најудобно, ќе станувате почесто.



Ако седите на подот кога станувате, повеќе ќе го ангажирате средниот дел од телото (карличен дел), што ќе го подобри балансот.

Покрај тоа, ако лесно се кревате и спуштате на подот, без премногу да се потпирате на вашите раце, тоа значи дека вашето тело е во прилично добра состојба.

Сепак, важно е да се напомене дека не треба да седите подгрбавени на подот. Ова има лош ефект врз здравјето на ‘рбетот и може да доведе до многу други проблеми. Секогаш бидете сигурни дека ‘рбетот ви е исправен, тоа е единствениот начин да имате правилно држење на телото, да изгледате убаво и да бидете здрави.