На почетокот на новиот милениум, Далај Лама има објавено 18 правила за успешен и среќен живот, кои во секојдневниот живот може да се применат кај сите луѓе со добра волја, без разлика на верска и политичка припадност.
- Запомнете дека голема љубов и големи достигнувања во себе мора да содржат и голем ризик.
- Во животот не може да победувате во секое време, но е многу важно да во поразот ја научите лекцијата.
- Следете го правилото “3P”: почитувајте се себе си, почитувајте ги другите, преземајте одговорност за своите постапки.
- Понекогаш најдоброто нешто што може да ви се случи е да не го добиете она што го сакате.
- Научете ги добро правилата за да знаете добро да ги прекршите.
- Не дозволувајте малите несогласувања да му наштетат на големото пријателство.
- Кога ќе сфатиш дека си направил грешка, потруди се одма да ја исправиш.
- Секој ден одвојте барем малку време да бидете сами со себе.
- Не плашете се да пробате нешто ново, но не се откажувајте од вашите вредности.
- Тишината понекогаш е најгласниот одговор.
- Живејте добар и чесен живот. На тој начин, кога ќе пораснете и ќе почнете да размислувате за својот живот, да може да уживате во него по втор пат.
- Атмосфера полна со љубов во вашиот дом е основа на животот.
- Во несогласувања со најблиските, занимавајте се исклучиво со моменталната ситуација. Никогаш не се повикувајте на минатото.
14 . Учете и споделувајте го вашето знаење со другите. Тоа е единствениот начин да станете вистински бесмртен.
- Чувајте ја мајката природа.
- Еднаш годишно отидете на некое место на кое предходно не сте биле.
- Запомнете дека најдобра врска е онаа во која вашата љубов еден за друг е посилна од потребата од еден за друг.
- Судете на вашиот успех во согласност со она од што сте требале да се откажете за да го постигнете.