“Мојот сопруг и јас имаме кафеави очи. Моите се посветли и неговите потемни кафеави. Имаме три деца – едното има зелено, другото кафеаво, а третото сино. Мајка ми има зелена боја, но од каде доаѓаат сините очи ? Како е можно тоа? “
За многу родители е целосно неверојатно дека нивното дете има сини очи, додека тие имаат темни очи. Ова е можно дури и ако последните неколку генерации од вашето семејство немаа сини очи. Одговорот лежи во гените!
Како тогаш се појавуваат сините очи на детето?
Всушност, станува збор за двајцата родители што треба да го имаат генот за сини очи, што потоа го пренеле на детето.
Секој од нас носи два гени. Бидејќи генот за темни очи е подоминантен од генот за светли, ако имаме една темна и една светла, нашите очи ќе бидат темни, а посветлата останува „скриена“. Можеме да имаме сини очи само ако имаме два светли гени. Значи, ако се комбинираат генот на мајката и таткото на детето за светли очи, тогаш неговите очи ќе бидат светли. Шансите да се случи ова се 25 проценти, доколку и двајцата родители го имаат истото – еден ген за темни очи и еден ген за светли очи.
Ако само еден родител има ген за сини очи, тогаш детето не може да има сини очи, бидејќи генот на темните очи, што го добил од другиот родител, секогаш ќе биде доминантен. Очите во тој случај ќе бидат темни.
Всушност, не можеме да знаеме дали го имаме генот за сини очи во нас. Може да се случи да се пренесе низ генерациите, додека во одреден момент не се спои со светлиот ген на партнерот кој исто така го има. Ова води до ситуација двајца луѓе со темни очи да добијат дете со сини очи.