МУДРОСТИ ОД КРЕАТИВНАТА ГРАДИНА НА КАЛИЛ ЏИБРАН

Во продолжение следуваат неколку бисери или мудрости од креативната градина на Џибран. Истите можат да го променат вашиот живот или барем да му дадат поинаква перспектива. Прочитајте ги!

„Да се биде великодушен значи да се даде повеќе отколку што се може. Да се биде горд значи да се земе помалку отколку што е потребно.“

„Ако некого го сакате, пушете го да оди. Ако се врати, секогаш бил покрај вас. А, ако не, никогаш не ни бил тука.“

„Ако некој те повреди, можеби тоа ќе го заборавиш, но ако ти повредиш друг, тоа ќе го помниш.“

“Можете да заборавите со кого сте се смееле, но никогаш нема да заборавите со кого сте плачеле.“

„Чувствителноста и љубезноста не се знаци на слабост и очај туку манифестација на сила и одлучност“.

„Научивте да бидете потивки од зборливите, потолерантни од нетолерантните, подобри од лошите и сеедно не сме им благодарни на тие учители.“

„Ако на ветрот му ја доверите својата тајна немојте да му замерувает што им ја открил на дрвјата.“

„Погрешно е мислењето дека љубовта произлегува од долгите пријателства и упорното додворување. Љубовта е плод на духовна интимност, а ако интимноста не се појави после секунда, нема ни да се појави ни после долги години преку генерациите.“

„Изгледот на нештата се менува во склад со расположението и затоа во нив гледаме магија и убавина, додека магијата и убавинаат се всушност во нас самите“.

„Љубовта не поседува ништо и не сака некој да ја поседува. И немојте да мислите дека можете да владеете по патиштата на љубовта бидејќи ако љубовта ве смета за достојни, таа ќе го води вашиот пат.“