Овен
Овенот е многу доминантен и сака секогаш да биде главниот во врската. Ако самите сте доминантни, тој ќе даде се од себе за да ве надмине.
Ако успеете да покажете дека сте посилни од него, тој ќе се заљуби „до уши“ во вас. Сепак, тешко е да се освои неговото внимание, па ќе мора да дадете се од себе.
Бик
Ако барате врска која не бара 100% посветеност, мажот Бик може да биде идеален за вас.
Припадниците на овој знак се фокусираат пријателите, работата, па можеби нема да бидете во центарот на неговото внимание.
Во врска, тој очекува да му дадете целосна поддршка, која ќе знае да ја цени и ќе ви се оддолжи во иста мерка.
Близнаци
Ова е тип на маж кој може брзо да се зауби во вас.
Тој ќе ве мотивира да ги остварите вашите соништа полесно, и ќе биде со вас, секогаш е подготвен да ве слуша.
Како и повеќето други знаци, тој има своја темна страна, која може да ја покаже од време на време. Меѓутоа, ако го прифатите како што е, тоа нема да биде пречка за совршена врска или брак.
Рак
Во моментот кога Ракот ќе се заљуби во вас, ќе ве опсипа со многу нежност и внимание.
Раковите се подготвени да се борат дури и за жена која не им ги враќа чувствата, и ако ве сака, никогаш повеќе нема да имате потреба од никој.
Лав
Лавот е заљубен во концептот на заљубеност. За доброто на љубовта, тој е подготвен на се, но понекогаш не е јасно дали тоа го прави заради сакана личност, или заради себе.
Од моментот кога ќе се заљуби, тој повеќе не те пушта.
Тој има тенденција да биде присутен секогаш и насекаде, и ако сте такви, тогаш тоа ќе биде совршена врска.
Девица
Мажот Девица честопати е љубоморен и посесивен кога ќе се заљуби во некого.
Тој е способен да каже работи што воопшто не ги мисли или дури и ако мисли, ги кажува премногу остро. После тоа, другата страна често се повредува.
Во моментот кога ќе сфати што направил подготвен е да се извини, но тогаш се поставува прашањето дали другата страна е подготвена да ги прифати неговите изливи на лутина и љубомора. На долг рок, ова може да биде сериозен проблем.
Вага
Мажот Вага е подготвен да стори сé за својата сакана ако сака искрена и долга врска со неа.
Она што треба да знаете за него е дека тој е „душата на забавата“.
Сака да биде во центарот на вниманието, но сака и да го сподели со својот емотивен партнер.
Скорпија
Човекот Скорпија има посебна харизма и сака да биде забележан во општеството.
Кога ќе го запознаете, ќе сфатите дека тој навистина може да биде комплициран, но токму тоа му дава доза на шарм и што го привлекува спротивниот пол.
Тој е многу лојален. Можеби е нетрпелив, но има меко срце, а особено е чувствителен кон оние што ги сака.
Стрелец
Стрелецот често се чувствува лошо затоа што мисли дека не добил толку колку што дава.
Иако обично ви е верен, секогаш има немир во него, што го тера да донесе немир во врска или брак.
Затоа врската со него може да биде вистински предизвик
Јарец
Човекот Јарец е познат по својот перфекционизам и не очекува ништо помалку од она што го нуди.
Тој може да очекува нереални работи од врската што ја имате.
Тој сака да ве контролира од време на време. Има силна интуиција, па често носи добри одлуки кога станува збор за врските.
Водолија
Мажот Водолија обично се смета за чуден, бидејќи е совршено добро и сам.
Секогаш му треба повеќе простор, а понекогаш ве гледа како непријатност.
Додека се обидувате да дадете се од себе, ваше е да одлучите дали вреди или не.
Риба
Мажот Риби го привлекува некој кој е сосема поинаков од него.
Ако сте таа личност, можеби сте совршени за него.
Тој има тенденција да биде навреден дури и од најмалите нешта, затоа треба да бидете внимателни со него.