Нашиот став кон Смарт телефоните е поврзан со депресија и ниско задоволство на врската. Излегува дека мобилните телефони можат да им наштетат на романтичните врски и да доведат до депресија. Кога вашиот партнер ве игнорира, за да се фокусира на паметниот телефон, тоа создава конфликт и доведува до намалување на задоволство од врската. Овие ниски нивоа на возвраќање водат до ниско ниво на задоволство од животот и на крајот до високи нивоа на депресија.
Примери за игнорирање на партнерот се следниве (често прифаќани за невини) акции:
– Партнерот го поставува неговиот паметен телефон, така што тој го гледа и чепка цело време додека сте заедно.
– Партнерот го држи телефонот во рака додека сте заедно.
– Партнерот го разгледува неговиот телефон додека разговара со вас.
– Ако има пауза во разговорот, вашиот партнер го проверува неговиот телефон.