КНИГА НА ДЕНОТ: ЧУДНИ ЦВЕЌИЊА ОД ДОНАЛ РАЈАН

Чудни цвеќиња е приказна за прогонството и враќањето, за загубата и откривањето, за залекувањето од тагата и за спаителската моќ на љубовта.Во 1973 година, Мол Гладни исчезнува од ридот Типерери каде што била родена. Полека нејзините родители, Педи и Кит, почнуваат да прифаќаат дека ја снемало засекогаш. Избезумени и вознемирени, Педи и Кит мораат да се соочат со неподносливата можност: дека никогаш повеќе нема да ја видат својата ќерка.Но, пет години подоцна, Мол се враќа, сменета и со неколку изненадувања…