МАСКА ЗА ПОБРЗ РАСТ НА КОСАТА ОД ЈАЈЦА

Јајцето е одамна познато и еден од природните начини за хидрирање на косата и скалпот. Затоа, не е чудно што постојано го користиме во нега.

За маска што ќе ви помогне да го исчистите скалпот и да ја направите косата повторно да порасне, ќе ви требаат:

  • едно јајце
  • чаша јогурт
    На оваа маска додаваме јогурт бидејќи е полна со пробиотици и протеини и има одлично влијание врз микробиомот на скалпот. Ќе биде одлично средство за чистење на се што е излишно.

Неопходно е убаво да се измати јајцето и да се додаде јогурт. Косата треба да се подели на делови и да се натопи, со акцент на скалпот. Најдобро е да ставите капа за туширање на главата и да почекате барем половина час.

Овие две состојки ќе имаат одличен ефект врз косата. Треба да ги измиете и да ја исплакнете косата со шампон на вообичаен начин.