Некои намирници што ги јадеме создаваат кисела средина во телото што го забавува метаболизмот и може да биде предуслов за здравствени проблеми како што се болести, зголемување на телесната тежина и предвремено стареење. За да ги избегнеме овие неволји, треба да јадеме алкална храна која ја балансира киселоста во желудникот. Еве некои од најкорисните алкални намирници кои треба да бидат дел од нашето мени.
Банани – енергизираат и се одличен почеток на денот како додаток на вашиот појадок. Содржиат железо, ендорфини и витамини. Тоа може да го подобри вашето расположение. Се препорачува за луѓе со проблеми со бубрезите.
Брокула – можеби не им е омилена на децата, но спаѓа меѓу најкорисните алкални намирници. Таа е богата со витамини и минерали кои го промовираат здравјето на бубрезите, сврзното ткиво и коските.
Авокадо – исклучително богато со витамини, корисни масни киселини и аминокиселини кои се грижат за здравјето на срцето. Одличен додаток на вашата свежа салата!
Лимони – поради високата pH вредност, ова е најалкалниот од сите производи, што е исклучително корисен за телото. Лимонот помага при настинки и грип, за чистење на црниот дроб, зајакнување на имунитетот, слабеење, регулирање на киселоста. Одлична идеја е денот да го започнете со чаша топла вода со лимон.
Краставица – ја неутрализира киселоста и го подобрува варењето. Составена е главно од вода, што ја прави одлична за секоја диета. Од неа можете да јадете колку сакате, а таа ќе се грижи за подобар изглед на вашата кожа.
Целер – го забавува стареењето, го полни телото со амино киселини, хранливи материи и минерали. Го регулира шеќерот во крвта и ги подобрува метаболичките процеси во организмот. Редовно јадете целер.
Лук – овој апетитен додаток на секое јадење е алкална храна за здравје. Се грижи за добар имунитет и има антимикробно дејство. Нека лукот секогаш е присутен на вашата трпеза.
Диња – со високата pH вредност, дињата е добра за јадење при проблеми со бубрезите и настинки. Помага за подобрување на расположението, се бори против стресот и несоницата. Одлична за диета. Содржи многу вода и корисни влакна.
Бобинки – се супер корисни за целото тело. Содржат антиоксиданси, влакна, витамини и минерали кои благотворно делуваат на организмот и го забавуваат процесот на стареење. Јадете ги наутро со појадок за моментален ефект!
Грозје – додадете го во вашето мени штом дојде сезоната, бидејќи содржи многу витамини, помага за зголемување на имунолошката заштита, за справување со стресот и несоницата. Ја ублажува нервната напнатост. Грозјето има својство да ја подмладува кожата.
Спанаќ – еден од најкорисниот зелен зеленчук, богат со витамини. Помага при анемија, астма, дијабетес. Може да ви помогне да ги одржувате вашите заби, кожа и коса во добра состојба. Вистински природен подарок.
Ленено семе – суперхрана која е богата со витамин Е и растителни влакна. Има антиинфламаторно дејство. Помага во справувањето со топли бранови за време на менопаузата. Додадете го во млечен појадок, смути, шејк, салата или друго.


