„ТЕ САКАМ“ КОИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ НАЈТЕШКО ЈА ИЗГОВАРААТ ОВАА РЕЧЕНИЦА

БЛИЗНАЦИ

На овој знак му треба многу време за да се препушти на нова врска, а особено отворено и невоздржано да ги изрази своите чувства. Тие се многу љубопитни и често се препуштаат на размислување дали има некој подобар за нив и затоа им е потешко да влезат во сериозни врски. Близнаците велат „те сакам“ дури кога ќе сфатат колку всушност им значи таа личност и дека се целосно посветени на нив.

ДЕВИЦА

Припадниците на овој знак носат вродена потреба сè да биде совршено, вклучително и врската. Девиците се перфекционисти и постојано ги преиспитуваат своите чувства. Ако почувствуваат дека нешто не е во ред во љубовната врска, ќе се воздржат од изјавување љубов додека не биде како што мислат дека треба да биде.

СКОРПИЈА

Скорпиите не сакаат промени и претпочитаат долги врски. За нив правило е да останат со партнерот и во добро и во лошо. Сепак, иако од самиот почеток се посветени на љубовна врска, ќе кажат „те сакам“ само кога ќе бидат 100 проценти сигурни дека врската е сериозна и цврста затоа што не сакаат да покажат ранливост или да бидат прерано повредени.

ВОДОЛИЈА

На припадниците на овој знак им треба многу простор и слобода во врската. Често преферираат нетрадиционални врски и ретко изјавуваат љубов бидејќи мислат дека така ќе се создадат обврски на кои не се подготвени.

Тие се подготвени да ја жртвуваат својата слобода само за личноста која ќе им дозволи да бидат тоа што се. Дури тогаш емотивно се отвораат, целосно се предаваат на врската и велат „те сакам“.