МАЖИТЕ ОТКРИВААТ СО КОИ ЖЕНИ БИ ГИ ИЗНЕВЕРИЛЕ СВОИТЕ ПАРТНЕРКИ!

Ова истражување покажало дека процесот на избор на љубовница е многу по „промислен“ од само средба со згодна непозната жена во кафеана. Имено, 27 отсто од испитаниците откриле дека прво би направиле измама со колега од работа или со пријател.

„Друга жена често се прикажува како мистериозна заводничка, но вистината е дека ако мажот има афера, веројатно тоа ќе биде со некој што веќе ja познава“, открија истражувачите за Дејли Меил.

Дури 23 отсто од мажите рекле дека сепак би биле многу среќни да изневерат со странец, на пример за време на патување.

Оние кои веќе го изневериле партнерот откриле дека тоа го направиле за да се обидат да го спасат својот брак, а не да го уништат.



По истражувањето, компанијата ја истакна и важноста на апликациите за поврзување.
„Наместо да се поврземе со некој од нашиот социјален круг или, уште полошо, од деловниот круг, можеме да најдеме истомисленици на апликациите за запознавање кои можеби се венчани на ист начин и со кои е помала веројатноста да бидеме откриени.

Истражувањето покажало и дека дури 99 отсто од мажите во еден момент размислувале за прељуба или го извршиле. Сексот се покажа како главен мотиватор, поточно потрагата по подобро сексуално задоволство.

А што се однесува до жените, 39 отсто од нив признале дека имале афера, а 35 отсто признале дека размислувале за тоа. 54 отсто од оние кои ги изневерувале своите партнери откриле дека тоа се случило откако тие добиле деца.

Повеќето жени и мажи откриле дека извршиле прељуба поради потреба за физичко задоволство. Само 5 проценти од жените барале емоционална замена.