Некои од реакциите на момците ќе ве шокираат, а други ќе ве насмеат до солзи:
- Ти платив пијачка, врати ми ги парите
„Никогаш заборавен датум: Типот плати пијачка, малку муабет, гледам не е тоа, ме допрати до зграда и тогаш ми рече, ми должиш 300 динари за цеден портокал“, напиша една девојка на Твитер и предизвика бура од коментари.
„Искусен. Искусен. Можеби не сте биле заедно, но затоа се погрижи никогаш да не го заборавите“, можеше да се прочита во коментарите.
- Не плаќам за жени со кои не сум на емотивно ниво
Една девојка го сподели своето искуство од состанок, што е слично на овој.
Овој „мој“ пред келнерката, која дошла да наплати, рекол дека не плаќа за жени со кои не е на емотивно ниво. Платив и ја завршив таа средба што е можно поскоро!“, напиша таа.
- Не бегаат сите мажи од поврзувањето, некои не знаат како да постават здрави граници кога е ова во прашање.
На сред состанок почнува да плаче, појма немам за што се работи. А тој ми одговара: „Пред тебе долго време бев со една девојка која многу ја сакав, ме заеба, многу страдав. Сега сум толку среќен што најдов некој со кој ќе го поминам целиот мој живот среќен – продолжи таа.
- Запознај ја мајка ми
Оваа девојка го запознала својот потенцијален дечко преку Тиндер, а кога отишле на првиот состанок доживеала шок – ја понел мајка си со себе!
„Очекував романтична вечера и кога влегов во собата, сфатив дека и неговата мајка е таму“.
Не само што мајката била таму, што само по себе е непријатно за првата средба, туку поставувала и многу непријатни прашања – да речеме, што очекува од врската со синот.
- Средбата беше скапа
Жена од Њу Џерси отишла на состанок со „Џоел“, маж кој го запознала на сајт за запознавање.
Го поканила во својот стан по вечерата и едното водело кон друго, но не она на кое девојката се надевала – таа била зафатена во една соба, додека „Џоел“ украл телевизор од 3.000 долари и куче од 4.000 долари од друга соба. .
Девојчето за ова дело веднаш го пријавило во полиција, која веднаш почнала да истражува.
Полицијата тогаш изјавила дека го знае вистинскиот идентитет на „Џоел“ и дека против него ќе биде покренато обвинение.


