Многу е важно во овој преоден рок да имате водоотпорни чевли и со помош на едноставен трик да ги прилагодите чевлите кои моментално ги имате на дождот, така што стапалата секогаш да ви бидат суви.
Сè што треба да направите е да земете пчелин восок со кој ќе ги премачкате чевлите. Потоа оставете го малку да се исуши, а вишокот восок отстранете го со хартиена крпа.
Трикот функционира и кога се во прашање платнените чевли, но треба да внимавате бидејќи постои можност платното да се извалка поради маснотиите.
Кога ќе ги намачкате чевлите со пчелин восок, водата само ќе истече од нив, а вашите стапала ќе останат суви.
Пчелин восок не е скап, а ви треба мала количина .