КНИГА НА ДЕНОТ: ВОЗДИШКАТА НА СУЗАНА ОД ЈАКУБА КАТАЛПА

Моќно дело за љубовта, за пријателството, како и за љубовта на родителите кон децата.

Сузана Либескинд е ќерка на сопственик на фабрика за  шеќер. Ништо не ѝ недостига и лесно патува низ секојдневјето опкружена со сладок живот и шеќерна волна.

Сузана има двајца другари: Хануш и Јан, а и двајцата ја сакаат. Интелигентна е и убава, а згора на тоа е од богато семејство. Но е Еврејка. Се случува германската окупација и таа завршува во концентрационен логор.

Патиштата на тројцата се разидуваат, детството го заменува присилното созревање: Јан му се приклучува на отпорот, Хануш станува колаборант, а Сузана се обидува да ги преживее садистичките експерименти во логорот.

Ја победува сета болка што ѝ е нанесена, но, кога се враќа дома за да ја преземе шеќераната од убиениот татко, дознава дека со нејзините карти некој започнал друга игра…

Дали сè уште е способна да сака по сè што преживеа? И има ли избор?

Книгата е во издание на издавачка куќа Антолог.