ЗАБАВЕН ТЕСТ: ОД КОЈА ВРАТА САКАТЕ ДА ИЗЛЕЗЕТЕ?

Погледнете ја сликата и одберете врата: онаа по која најмногу сакате са излезете! Не мислете долго, едноставно изберете и погледнете што открива тоа за вас!

  1. Ослободеност
    Ви треба просторност. Сакате да имате слобода и да ги правите работите на свој начин. Не ги поднесувате ограничувањата, независни сте и понекогаш дури и премногу воинствени но ги избегнувате конфликтите со сите средства. Не поднесувате да ве спречуваат во нешто што сте наумиле и сакате да имате време да се радувате на животот. Премногу сте зафатени со тоа за да барате внимание на околните.
  2. Приватност
    Вие сте од оној тип луѓе кои сакаат да патуваат сами, за да уживаат максимално во доживувањето. Сакате да набљудувате, да останувате сами со себе. Го преферирате осамениот пат, бидејќи знаете дека секој мора да оди сам по патот во животот. Гледате на светот на уникатен начин и сте осаменик по душа.
  3. Веселост
    Вие сте интригантен и интересен човек. Сакате да бидете дел од светот. Вашиот пат е исполнет со бои, емоции и убавина. За вас е важно самото патување, не дестинацијата.Љубопитни сте и секогаш сакате да знаете повеќе. Вие сте вистински духовити интелектуалци сакате да
    разговарате и да дискутирате. Среќни сте кога сте меѓу луѓето.
  4. Предизвик
    Сакате секогаш да сте во движење, да дејствувате сега и овде. Вашиот пат е непредвидлив и понекогаш дури застрашувачки. Љубовта ја фрлате во непознатото со главата надолу. За вас правилата се за да се кршат и често сте несовесни во вашите постапки. Дури и да дејствувате без да
    мислите кај вас работите се добиваат. Секогаш сте на сртот на бранот и тоа ве прави среќни. Не следите туѓи совети и ставови.
  5. Реалност
    Вие сте човекот-дом. Покрај вас луѓето се релаксирани, избалансирани – се чувствуваат како дома. Секогаш го барате мирот и го одржувате. Вашиот идеален пат е недвосмислен и пријатен. Сакате да уживате на патот со јасна свест каде ќе ве однесе тој. Ако е можно изберете ја
    полесната опција. Животот е доволно тежок и не сакате да го усложнувате дополнително. Вие сте стабилни луѓе кои ги поддржуваат околните. Познати сте со тоа дека цврсто газите на земјата и гледате трезвено на животот.
  6. Спокојство
    Сакате осаменост во вашиот живот. Можете да потрошите огромни временски периоди далеку од луѓето. Вашиот пат е тивок и мирен. Сакате да го почувствувате животот, без да ве притискаат. Ја барате смислата во се.
    Не сте љубители на народот. Се наоѓате себеси кога имате можност да живеете во тишина.