Започнувајќи нова љубовна врска, имаме еден куп очекувања за партнерот како и тој за нас. Од друга страна, секој има свои навики во љубовта, некои добри, други кои водат кон целосно уништување на врската.
Погледнете 13 лоши навики кои навистина ја повредуваат вашата врска.
- Постојано го „чепкате“ партнерот.
- Избегнувате директни конфронтации, но тоа значи дека не сте целосно отворени со партнерот и не му кажувате кога и што не е во ред.
- Кажувате негативни работи за семејството и пријателите на партнерот.
- Се обидувате да иницирате промени кај партнерот, имајќи нереални очекувања, принудувајќи го често да излегува од својата комфорна зона.
- Редовно ги прекршувате ветувањата. Навика која ве води до постојано разочарување.
- Го споредувате го вашиот партнер со другите. Без разлика дали го правите тоа свесно или несвесно, лоша навика е да го споредувате сегашниот партнер со бившиот или сегашниот на вашите колешк.
- Премногу ТВ, мобилни телефони и други уреди додека вашиот партнер е околу вас. Има моменти кога е убаво да разговарате со вашиот сакан и да не ви се одвлекува вниманието.
- Често го критикувате партнерот. Избегнувајте да давате остри коментари за неговиот/нејзиниот изглед или да зборувате негативно за него/неа на кој било начин. Лоша навика која може да ја чини вашата врска.
- Постојано го следите што прави и каде е. Ако постојано се сомневате во личноста до вас, како би можеле да имате среќна врска?
- Се расправате со партнерот јавно. Пред непознати, познаници, роднини, деца… ситуација која е лоша за вас, луѓето околу вас и најчесто станува лоша навика за вашата врска.
- Љубоморни испади. Дали има причина? Колку е тоа оправдано, бидејќи болната љубомора не значи љубов.
- Ги игнорирате советите од вашиот партнер. Има и конструктивна критика која има за цел да не заштити. Или ако самите побаравте мислење од партнерот и не ви се допаѓа, не треба да запаѓате во драми.
- Не разговарате за вашиот сексуален живот, за вашите желби, фантазии, задоволства. Лоша навика која влијае на интимноста, а не лежи само во сексот, туку и во споделувањето, признавањето на саканата личност во душата.