ШТО КАЖУВА НАЧИНОТ НА КОЈ КИВАТЕ ЗА ВАШАТА ЛИЧНОСТ?

Едно истражување покажа дека секој човек ги следи сопствените правила при кивањето, што открива многу за нашиот карактер, пишува Брајтсајд.

Овие четири начини ги покажуваат вашите посебни квалитети.

Гласно кивање

Ваквите поединци уживаат во кивањето. Обично се гласни и не им пречи да киваат во секоја ситуација. Тие се упорни и самоуверени и се чувствуваат удобно во друштво

Тивко кивање

Овој начин на кивање се поврзува со повлечени луѓе кои не сакаат да привлечат внимание кон себе. Ќе го држат носот за време на кивањето или ќе испуштаат едвај звучен звук. Обично се учтиви и свесни за тоа што е општествено прифатливо, а што не. Покрај тоа, тие се почувствителни на коментари и критики од другите.

Повторувачки

Овој тип на кивање се поврзува со луѓе кои сакаат да бидат во центарот на вниманието. Многу од нив киваат од два до пет пати, но повеќето од нив се многу гласни. „Сериското“ кивање кај другите предизвикува непријатност, бидејќи тие автоматски се поврзуваат со нарушено здравје и болест.

Параноичен

По кивањето, овие луѓе панично ги чистат капките што ги оставиле на површините со разни средства за дезинфекција. Тие многу се грижат за околината и се грижат за тоа што мислат другите за нивниот изглед.