10 БЕЗВРЕМЕНСКИ МУДРОСТИ НА ВЕЛИКАНСКИОТ АКТЕР НЕБОЈША ГЛОГОВАЦ

Покрај неверојатниот актерски труд кој го остави зад себе, Глоговац ќе го паметиме по изречените животни мудрости кои уште долго ќе продолжат да се цитираат.

Во продолжение ви издвојуваме неколкумина од нив:

  1. „Ако некој не може да најде време за вас, не вреди да го чекате“.
  2. „Животот е како молив, секој ден станува сè пократок. Обидете се да нацртате нешто убаво додека сè уште постои…“
  3. „Ако мрачиш – мрачно е. Ако сјаеш – сјајно е. До тебе е“.
  4. „Ако човек во текот на својот живот усреќи барем една личност, тогаш неговиот живот имал смисла“.
  5. „Со кучињата не морам да глумам!“
  6. „Понекогаш, без разлика на тоа колку сте драги, колку сте љубезни, колку сте грижливи, колку сакате, тоа едноставно не е доволно за некои луѓе…“
  7. „Душата е сето она што нè привлекува кон љубовта, идеалите, љубезноста, филантропијата, емпатијата“.
  8. „Денешниот свет е тотално комерцијализиран и за жал таканаречената надворешна обвивка е најважна“.
  9. „Секогаш бидете добри. Без разлика дали некој ќе ви се заблагодари или не, ќе запомни или не, ќе ви возврати или не. Некаде сето тоа се запишува!“
  10. „Знаеш како се станува вистински шампион? Така што излегуваш на терен кога е најтешко… И победуваш!“