Уште како ученик Теодор патувал низ романските села и ги слушал приказните на суеверните селани. Сега како успешен маж од западот се враќа назад во својата татковина за да дознае дали таму би бил посреќен. И за повторно да ја најде својата љубов од младоста. На крајот од сите улици, наидува на слепиот масер и на неговите пријатели. Теодор е фасциниран од местото каде што пациентите,селаните, па дури и градоначалникот, снимаат на касети дела од светската литература. Сепак, сите не се толку гостољубиви како убавата Елена, кај која престојува. Набрзо запаѓа во мрежа од подмолност, корупција и од насилство.