Повеќе од педесетина болести се поврзани со интолеранција на глутен, која претставува проблем на кој речиси никој не е имун. Глутенските протеини сами по себе не се штетни и здравата популација нема основана причина за нивно избегнување, но лицата кои имаат интолеранција на глутен, целијачна болест или алергија на пченица треба да го ограничат внесувањето или целосно да го отстранат глутенот од исхраната, кој се наоѓа во житата како: пченица, ‘рж, јачмен…
Нашето тело има неколку начини на кои може да алармира и да нѐ предупреди дека нешто не е во ред. Во врска со глутенот, неколку од симптомите се слични со други болести. Токму поради тоа, клучно во дијагностицирањето на состојбата е да се внимава на симптомите.
Дигестивни проблеми
Повеќето од дигестивните проблеми поврзани со глутенот се од една иста причина.
Нашето тело, конкретно нашиот дигестивен систем, не може комплетно да го свари и да го процесира глутенот.
Премореност
Бидејќи не може комплетно да го процесира и да го свари глутенот, нашето тело се измачува. Нашиот дигестивен систем мора да работи повеќе, а сето тоа влијае на нивото на енергија. Резултатот е премореност.
Чести промени на расположението
Женската популација често запаѓа во заблуда дека промените во расположението се поврзани со менструалниот циклус.
Токму поради тоа сензитивноста на глутен тешко се дијагностицира.
Воспаление на мускулите
Сензитивноста на глутен се манифестира во локализирани делови од телото. Доколку причинителот на воспалението е глутен, мускулите на прстите, колковите и колениците ќе бидат погодени.
Хормонски нарушувања
Најчесто и го обвинуваме стресот. Поради тоа, остануваме слепи за еден друг причинител, а тоа е глутенот.
Автоимуни заболувања
Глутенот како состојка е директен причинител и симптом за многу посериозни заболувања.
Тие вклучуваат Хашимото (Хашимотов тироидитис), ревматски артритис, лупус, псоријаза, па дури и мултиплекс склероза.
Вртоглавица
Во многу случаи премореноста е проследена со чувство на вртоглавица и зашеметеност. Исто како и премореноста, вртоглавицата може да биде симптом за други болести. Треба да се биде внимателен и да не се избрзува, но во секој случај да се провери и да се тестира.
Како да се тестирате
Добрата вест е дека тестирањето за глутен е лесно изводливо. Иако има неколку лабораториски испитувања кои можат да покажат интолеранција и сензитивност, најчесто таканаречената елиминациска диета е најдоброто решение. Лабораториските испитувања бараат да бидете на храна која содржи глутен, и се точни во над 95% од случаите.