КОЈ СПОРТ Е НАЈДОБРО ДА ТРЕНИРАТЕ СПОРЕД ВАШИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК

Овен

Важно е за време на активноста родените во овој знак да ја „фрлат“ својата агресивност. Многу им одговараат боречки вештини и екстремни спортови како скокање со падобран. Ќе се чувствуваат наполнети и ќе се ослободат од лошата енергија.

Бик

Биковите се чувствуваат среќни кога се движат и трошат енергија. Многу им одговара да спортуваат на отворено. Без разлика дали трчаат, возат велосипед или ролери, сето тоа позитивно ќе ги наплати.

Близнаци

Јавање коњи, качување, планински велосипедизам – овие работи им одговараат на Близнаците. Не е изненадувачки што ѕвездите препорачуваат и стрелаштво.

Рак

Ѕвездите им препорачуваат на претставниците на овој хороскопски знак да заборават на тимската игра. За нив се погодни активности во кои се изразуваат.

Лав

Лавовите сакаат да експериментираат и ѕвездите им препорачуваат да пробаат некои помодерни спортови. На претставниците на овој хороскопски знак им е многу корисно да трчаат на отворено. Ова ќе ги наполни со многу енергија.

Девица

Девиците сакаат тимски игри – како ватерполо, на пример. Претставниците на овој знак можат да се обидат и со нуркање.

Вага



Вагите сакаат интересни и забавни работи. Добро ќе се чувствуваат ако вежбаат зумба или некои танци со партнерот. Погодни за нив се и пливање, пилатес, јога и фитнес.

Скорпија

Скорпиите се личности со силен карактер. Сигурно ќе се чувствуваат подобро ако спортуваат и по можност неколку работи. Што и да прават, се додека се активни, ќе се чувствуваат добро.

Стрелец

На претставниците на хороскопскиот знак Стрелец им треба постојан развој и усовршување. Родените во овој знак ќе имаат голема корист од активностите на овие спортови, кои бараат совладување на сложени техники.

Јарец

Јарците сакаат да се натпреваруваат сами со себе. Високата издржливост и желба за надминување ќе ги направи одлични маратонци, скијачи, велосипедисти или алпинисти.

Водолија

Личниот развој и духовното усовршување се многу важни за претставниците на хороскопскиот знак Водолија. Затоа јогата е многу погодна активност за овој хороскопски знак.

Риби

Рибите, како и многу ракови, сакаат да се опуштат, релаксираат, да се ослободуваат од негативната енергија. Како што знаеме и двата знака припаѓаат на елементот Вода, па ѕвездите ги советуваат да изберат спортови на вода.

Без оглед на спортот што ќе го изберете, запомнете дека движењето е многу важно. За да бидете поздрави и да се чувствувате подобро, често движете се. Ако не вежбате доволно, можете барем почесто да пешачите. Ова ќе влијае на вашата физичка и емоционална состојба.