Интернационалeн бестселер заснован на мрачна вистинска приказна што покренува провокативни прашања за соучесништво, вина и преживување. Тие го нарекоа „Дувло на волкот“. „Волк“ беше неговиот прекар. Легија на ловџии беа во потрага по него, за да го заробат и со задоволство да го убијат.
Германија, 1943 година: Родителите на дваесет и шест годишната Роза Зауер ги нема, а нејзиниот сопруг Грегор е далеку, борејќи се на фронтот во Втората светска војна. Сиромашна и сама, таа носи судбоносна одлука да го напушти Берлин, зафатен од виорот на војната, за да живее со родителите на мажот ѝ на село, мислејќи дека таму ќе најде засолниште. Но, едно утро, СС војници доаѓаат да ѝ соопштат дека е регрутирана за да биде една од дегустаторките на Хитлер: три пати на ден, таа и уште девет жени одат во неговиот таен штаб, „Дувлото на волкот“, да ги пробуваат неговите оброци.
Принудени да јадат она што може да ги убие, дегустаторките почнуваат да се делат на две групи, Фанатиците, оние лојални на Хитлер и на жените како Роса кои велат дека не се нацисти бидејќи секојдневно го ризикуваат својот живот за Хитлер. Како што растат тајните и незадоволствата, ова неверојатно сестринство достигнува своја драматична кулминација, бидејќи сите почнуваат да се прашуваат дали се на погрешна страна од историјата.