ЦИТАТИ И МУДРОСТИ ШТО ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ДА СИ ГО ПРОНАЈДЕТЕ ПАТОТ

На сите луѓе им се случува да изгубат волја и мотивација. Можеби се чудите како пред една недела сте имале сила и желба да учите нови работи и да се гледате со вашите блиски, а моментално не ви е дојдено до ништо. Тоа е сосема нормално, доколку трае одредено време. Но, ако забележите дека веќе подолг период сте нерасположени, треба да преземете нешто. Следниве мудри цитати ќе ви помогнат да се охрабрите и да се вратите на вистинскиот пат…

„Верувајте му на вашиот инстинкт. Кога нешто однатре ве боцка, обрнете внимание. Вашето тело и вашата потсвест знаат подобро од вас дали е нешто правилно или погрешно.“

„Ограничете ги материјалните работи. Колку повеќе предмети поседувате, толку повеќе предметите ќе ве поседуваат вас.“

„Новата, поширока перспектива најчесто доаѓа тогаш кога немате проблем. Градот најдобро се гледа од планината, а не од центарот.“

„Во повеќето случаи, луѓето не се обидуваат да ве повредат намерно. Најчесто нивните дела се поттикнати од нивните лични интереси, а не злоба.“

„Развијте детектор за глупости. Тоа е најкорисната технологија во која треба да инвестирате.“



„Најдобрите врски и односи се како добро вино: Стануваат сѐ подобри како што изминува времето.“

„Самодовербата доаѓа по акумулацијата на успехот. Ќе ви треба самодоверба за да го направите сето она што е важно во животот, па затоа почнете да собирате мали успеси и потврди што е можно порано.“

„Мора да имате причина за живот. Ако вашето ЗОШТО е доволно силно, тогаш вашето КАКО ќе се појави на вистинското место. Така секогаш ќе наоѓате начин.“

„Ако се прашувате зошто е важно да го правите она што го сакате, тоа е така затоа што работата одзема голем дел од нашите животи. Нашите најпродуктивни часови ќе бидат потрошени на работа. За да го сакате вашиот живот, мора да го сакате она што го правите за пари.“

„Првиот впечаток е важен, но репутација се гради цел живот.“