Одреден вид на однесување е непогрешлив показател дека вашиот партнер не ви е верен.
Многу често нѝ се случува интуицијата да нè предупреди дека нешто нѝ се случува зад грб, но склони сме тоа да го препишеме на својата „параноја“ и да го отфрлиме како можност.
Меѓутоа, некои знаци едноставно не треба да се игнорираат. Доколку сте забележале неколку од овие 7 знаци, тоа укажува дека вашиот партнер има друг/друга, што не мора да значи дека ја сака, но таа личност дефинитивно постои.
Еве кои се 7-те најчести знаци:
- Дистанциран е од вас – емотивно, духовно и физички
- Живеете како цимери
- Останува подолго на работа
- Постојано зјапа во мобилниот телефон, пишува пораки и го држи понастрана од вас
- Постојано го нервирате и сè му смета
- Започнува кавги без никаков повод за тоа
- Води грижа за себе како никогаш претходно
Доколку препознавте неколку или поголем дел од наведените показатели, тоа значи дека треба подробно да ја испитате ситуацијата во вашата врска.