КАКО СЕ ПРЕСМЕТУВА КОЛКУ МОЖЕ ДА БИДЕ ВИСОКО ДЕТЕТО? ЕВЕ ОД ШТО ЗАВИСИ

И од што зависи висината на детето?
Не може да се одреди точната висина што ќе ја има детето кога ќе порасне. Детето ќе расте брзо за време на пубертетот, а висината може да биде под влијание на:

Генетика
Хормони
Неухранетост
Болести
Генетски абнормалности
Употреба на одредени лекови

Некои дополнителни фактори, како што се климата, вежбањето, загадувањето, спиењето и слично.

Како да знам колку ќе биде високо детето?
Кога станува збор за девојчињата – Одземете 12 см од висината на тато, а потоа додадете ја висината на мама. Добиениот број поделете го на два и ќе ја добиете приближно висината на детето.

Кога станува збор за момчињата – Додадете 12 см на висината на мама, а потоа додадете ја висината на тато. Поделете го бројот на два и ќе ја добиете приближно висината на вашето дете.

Така, се разбира, нема да ја одредите точната висина на детето, но приближно можете да знаете колку ќе биде високо детето.